Напаѓачот синоќа побара да замине од Камп Ноу и да ја активира клаузулата со која може да се ослободи од последната година од договорот. Се најавуваше дека тој дури нема да се појави на стартот од подготовките за новата сезона, но последните информации велет дека Лео Меси сепак ќе се пријави на тренинг.
„ТиК Спортс“ пренесува дека Аргентинецот во недела ќе се тестира на коронавирус, и доколку резултатите се негативни, во понеделник ќе му се стави на располагање на тренерот Роналд Куман.
Барселона ќе одлучи дали Лео Меси ќе тренира со останатиот дел од тимот, или пак индивидуално ќе одработи тренинг на посебен терен.
И покрај тоа што тој ќе се пријави на должност, неговата желба за заминување не е променета. Лео Меси едноставно не сака војна со Барселона или можност да биде санкционираат за прекршување на договорот.