Меси се здоби со повреда од мечот со Лион

by
1 минути читање

„ЛЕкип“ известува дека ѕвездата на ПСЖ,
Лионел Меси се здобил со повреда од мечот против Лион, меѓутоа станува збор за
контузија на мускулатурата, повреда со која се соочува речиси секој фудбалер,
секоја седмица.

Шеикот му се „закани“ на Покетино по замената на Меси (ФОТО)

На Меси не му се
допадна одлуката на својот тренер Покетино да го повлече од игра во 76 минута,
па одби дури и да се поздрави со својот сонародник, а францускиот медиум додава
дека Аргентинецот денеска голем дел минал во собата за третмани во ПСЖ.

Очекувањата се во
текот на утрешниот ден Парижаните да објават детално за состојбата на Меси,
меѓутоа се верува дека не е ништо сериозно, а поточно, се работи за контузија на мускулатурата над левото колено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани