24фудбал

Шеикот му се „закани“ на Покетино по замената на Меси (ФОТО)

Калифа Бин Хамад Ал Тани повторно е активен на социјалните мрежи, роднината на сопственикот на ПСЖ испрати порака до Маурисио Покетино која е протолкувана како закана поради одлуката на стратегот да го повлече Лео Меси од игра.

Франција

Маурисио Покетино нема лесна задача оваа сезона околу поделбата на минутите, стретегот веднаш налути една ѕвезда, и тоа онаа најголемата, Лео Меси. Аргентинецот синоќа беше повлечен од игра на 15 минути до крајот, не му се допадна ова и негодуваше кај својот сонаордник.

По ваквиот развој на настаните, на социјалните мрежи се огласи Калифа Бин Хамад Ал Тани, роднина на сопственикот на газдата на ПСЖ.

„Лондон е убав град... го знаеш ова...“ -  гласеше пораката која многумина ја толкуваат како закана до Маурисио Покетино дека може да добие отказ.

Kалифа Бин Хамад Ал Тани стана популарен во фудбласките кругови откако изминативе месеци често споделуваше информации за трансферот на Лео Меси како и обидите на Реал Мадрид да го ангажираат Килијан Мбапе.