„Каталонците“
конечно оваа сезона победија на натпревар на кој противникот прв постигна гол,
избраниците на Куман се вратија од гол негатива против Реал Сосиедад и славеа
со 2-1.
Вилијан Жозе го
отвори резултатот во 27. минута, Бразилецот доби топка на подалечната статива и
рутински ја затресе мрежата на Тер Штеген.
Сепак, домаќините
веднаш одговорија, Алба со десна нога погоди прекрасно за 1-1 во 31. минута.
Во финишот на
првиот дел беше комплетиран кам-бекот, Де Јонг реализираше за 2-1, но мораше малку
да почекува за да се израдува откако помошникот сигнализираше офсајд а ВАР
потврди дека позицијата сепак е регуларна.
Мрежите мируваа во продолжението од мечот, па овој резултат
значеше победа број 300 на Камп Ноу за Лео Меси.