208
Меси останува во Барселона, Аргентинецот и следната сезона ќе игра за каталонскиот клуб, но не дека сака, туку дека клубот не го пушта.
„Бев сигурен дека сум слободен да си заминам, претседателот секогаш ми велеше дека по крајот на сезоната можам да одлучам дали ќе останам или не“, вели Меси.
„Сега се држат за фактот дека не сум кажал пред 10 јуни, а на 10 јуни се уште се натпреварувавме во Ла Лига поради коронавирусот, сезоната се уште траеше“.
„И тоа е причината поради која ќе останам во Барселона. Сега ќе продолжам тука бидејќи претседателот ми рече дека единствен начин да си заминам е да се платат 700 милиони евра колку што изнесува клаузулата, а тоа е невозможно“.