Меси пред заминување од ПСЖ му порачал на Ал Келаифи: Ако сакаш триумф во Лигата на шампиони, купи го Кејн

by
1 минути читање

По две години
поминати во Париз, Лео Меси летово го напушти „Паркот на принцовите“ и пред
заминување му дал совет на првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи.

Во емисијата
„Афтер фут“ на Радио Монте Карло беше открено дека Лео Меси на „светците“ им
порачал дека треба да го ангажираат Хари Кејн.

Аргентинецот
верувал дека на ПСЖ му е потребен ваков профил на фудбалер за триумф во Лигата
на шампиони.

Шампионот на
Франција сега прави напори да го ангажира Хари Кејн и е подготвен да потроши
100 милиони евра за негов ангажман. Нејасно е дали Насер Ал Келаифи навистина
го послушал Лео Меси, или раководството на ПСЖ од претходно го планирало
трансферот на Англичанецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани