Меси пред три дена му се јавил на Гвардиола и се распрашувал за трансфер во Манчестер Сити

by
1 минути читање

Лео Меси сака да
замине од Барселона уште ова лето. Аргентинецот има нето плата од 50 милиони
евра, или бруто плата од 100 милиони евра, па на прсти се бројат клубовите кои
можат да си го дозволат.

Манчестер Сити,
Интер и ПСЖ се клубовите кои најчесто се споменуваат, иако во игра можат да
влезат уште неколку гиганти како Манчестер јунајтед и Јувентус.

Неколку извори од
Каталонија сега пренесуваат дека Лео Меси пред три дена му се јавил на Пеп
Гвардиола. Аргентинецот се распрашувал кај поранешниот тренер за трансфер во
редовите на Манчестер Сити доколку реши да го напушти Камп Ноу.

Останува да се
види како ќе се одвиваат работите во следните денови, но се чини дека
„граѓаните“ се главни фаворити за потписот на Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×