„Каталонците“ беа
на врвот на табелата пред сезоната да биде суспендирана поради пандемијата од
коронавирус, но по ре-стартот брзо му го препуштија водството на Реал Мадрид.
„Кралевите“
вечерва славеа против Виљареал и стигнаа до титулата број 34 во Ла Лига, додека
пак Барселона уште еднаш разочара и загуби дома од Осасуна со 1-2.
По крајот на
натпреварот, Лео Меси реши да каже збор-два, Аргентинецот упати многу критики и
порача дека со ваква игра и пристап, нема шанси да ја освојат Лигата на
шампиони.
„Не сакавме
сезоната вака да заврши, но ова отсликува се она што ни се случуваше цела
сезона. Бевме неконзистентни, многу слаби и игравме без интензитет. Загубивме
многу бодови, и денешниот дуел со Осасуна е само резиме на целата сезона“ – рече
капитенот на Барселона.
„Мораме да бидеме
самокритични. Да, Реал Мадрид заслужува честитки за начинот на кој одигра по
ре-стартот на сезоната, но и ние им помогнавме. Затоа мораме да почнеме прстот
да го вперуваме во нас, ние сме Барселона и обврска ни е да победиме на секој
натпревар“.
„Знам дека навивачите
се гневни, и имаат право да бидат со оглед на работите кои ни се случуваа…
поразите од Рома, Ливерпул, луѓето го губат трпението бидејќи не носиме успех“.
„Веќе кажав дека нашата игра не е доволно добра за Лигата на шампиони, сега испадна дека не е доволно добра ни за Ла Лига. Доколку сакаме
да триумфираме во Лигата на шампионите, треба да промениме многу работи. Ако
продолжиме вака, ќе изгубиме против Наполи. Малата пауза треба да ја
искористиме за да ни се разбистрат мислите и да се одмориме, треба да започнеме
од нула во Лигата на шампионите“.
„Мораме да бидеме
самокритични и да престанеме да викаме дека сме загубиле поради судиите“.