Меси побарал средба, од Барса му порачале: Ако е за нов договор може, нема за што друго да преговараме!

by
1 минути читање

Лео Меси побарал
средба со раководството на Барселона. Како што пренесе Ел Периодико, а потврдија
и уште неколку други извори, Аргентинецот им дал насоки на луѓето кои се грижат
за неговата кариара да организираат состанок со лидерите на клубот и да најдат
решение за неговата иднина.

Лео Меси и понатаму
сака да замине, но ако не може за беспари, тогаш да биде пуштен за некоја
разумна сума.

Според пишувањата
на Марка, првите луѓе на Барселона и понатаму се на ставот дека Лео Меси не е
на продажба. Весникот вели дека пораката од Бартомеу и неговиот борд на
директори била следна: „Ако е за нов договор може, нема за што друго да
преговараме“.

Според Марка,
Барса нема намера да преговара за трансфер на Лео Меси и единствен начин за
играчот да замине е откупната клаузула од 700 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×