Додека Меси целата своја професионална кариера ја поминува во Барселона, Роналдо играше во Португалија, Англија, Шпанија и сега во Италија. Португалецот го повика и Меси во Серија А, а сега Аргентинецот му одговори на поканата.
„Не ми треба никаква промена. Во најдобриот клуб сум во светот. Моите предизвици се да го потврдуваме тоа секоја година. Немам потреба да менувам тимови или лиги за да си поставувам нови цели. Јас сум дома, во најдобриот клуб во светот и не ми треба промена“, изјави Меси.
„Ривалството со Роналдо додека беше тука? Бевме во иста лига и се обидувавме да го направиме истото, да победуваме за своите тимови, беше убаво. Кристијано беше голем фудбалер за лигата и за Мадрид и тие дуели беа убави, но јас како и вообичаено гледам да победувам со мојот тим без разлика дали он бил тука или не“.