65
По тешкиот пораз
на гостувањето во Париз, „Каталонците“ вечера беа на чекор до ново
разочарување.
Избраниците на
Луис Енрике добро го започнаа натпреварот против Леганес, на асистенција на
Суарез, Лео Меси го отвори резултатот веќе во 4. минута.
Барса потоа како
да застана по раното водство, а казната за тоа стигна во 71. минута кога Лопез
изедначи на 1-1 и го замолкна Камп Ноу.
Сепак, во
завршните мигови од средбата, Мантовани несмасно стартуваше врз Нејмар,
судијата покажа на белата точка, а Меси со прецизен удар од 11 метри донесе
водство од 2-1 и ги спаси „Каталонците“ од нова бламажа.