Меси: Не знам дали играм најдобро СП, но знам дека уживам после долго време

by
1 минути читање

Меси руши рекорди и ја предводи Аргентина до крајот на Светското првенство, гаучосите дојдоа на еден меч до големиот трофеј.

„Знам дека не бевме главни фаворити, но знам дека бевме спремни да не се предадеме и се што покажавме беше од меч во меч. Аргентина е во финале, треба сите да уживаме. Не знам дали го играм најдоброто Светско првенство или не, ама знам дека уживам како што не сум уживал долго време. Јас бев убеден дека оваа група на момци може многу, знаеме кои сме и само баравме од луѓето да веруваат во нас“, вели Меси.

„Многу работи чувствувам, но ова што го гледам е страшно возбудливо. Гледајќи ги луѓето со цели семејства на Светско првенство е нешто неверојатно. Дојдовме до последниот меч кој сите го сакавме. Минавме низ многу тешки ситуации, низ многу добри, на крајот искусивме сите нешто спектакуларно. Вакво уживање и да се видат сите Аргентинци како слават… А, можам само да замислам како е во тактковината – сигурно е тотално лудо!“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани