Меси наскоро ќе се огласи, се подготвува соопштение за Барса и за Ла Лига

by
1 минути читање

Лео Меси ќе се
огласи во следните часови, голем број на извори од Шпанија пренесуваат дека
Аргентинецот ќе испрати соопштение. Се очекува тој да пренесе информации за
својата иднина, но и да упати збор два до Ла Лига, која застана зад Барса и
минатата недела порача дека договорот на напаѓачот е важечки и во него има
откупна клаузула од 700 милиони евра.

Се укажува на тоа
дека Лео Меси ќе се предомисли, ќе извести дека останува на Камп Ноу, но дека нема
да го продолжи договорот и следното лето ќе замине за беспари.

Напаѓачот сака да го напушти клубот уште сега, но без пријателска разделба, тешко дека ќе потпише за друг клуб, никој не сака да ризикува и да треба да плати 700 милиони евра доколку Барселона го добие судскиот спор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×