Лео Меси наскоро
ќе се сретне со својот татко, одредени извори велат дека Хорхе Меси веќе е во
домот на својот син, и до крајот на денот ќе одлучат за следниот чекор.
Напаѓачот и
понатаму сака да замине од Камп Ноу но Жозеп Мариа Бартомеу не го менува својот
став, не сака да го пушти Лео Меси за разумна сума и инсистира на клаузулата од
700 милиони евра.
Па Лео Меси има
две опции, или да го раскине договорот и да добие тужба и да плати мулти-милионска
оштета доколку го загуби спорот, или да се врати на тренинг и да ја одработи
последната година од договорот.
Па затоа тој
размислува да продолжи во Барселона, да одигра барем уште една сезона и следното
лето да замине, и се упатува токму на ова. Неговиот татко пред еден час потврди дека размислуваат за останување.
Едно вакво
сценарио ќе овозможи Лео Меси да се збогува од навивачите на Барселона, а и
неговиот последен меч нема да биде срамниот пораз од 8-2 против Баерн Минхен.