Меси му се јавил на Нејмар и му предложил да играат заедно – но во Манестер Сити?!

by
1 минути читање

По веста дека Лео
Меси побарал да си замине од Барселона, низ медиумите има многу шпекулации. Тешко
е да се каже што е вистина, а што не, но се чини дека Манчестер Сити е следната
дестинација на фудбалерот.

Неколку извори од
Каталонија пренесоа дека Лео Меси пред неколку дена му се јавил на Пеп
Гвардиола и се распрашувал за трансфер на Етихад Стадионот.

Новинарот Жозеп
Педрерол во емисијата „Ел Чирингито“ доби порака дека „граѓаните“ се изборот на Аргентинецот.

И добро упатениот новинар Марсело Бешлер (кој прв
објави дека Нејмар се сели во ПСЖ) вели дека сината половина на Манчестер е
следната дестинација на напаѓачот.

Чекор понапред
отиде Жорж Никола од ЕСПН, тој вели дека Лео Меси му се јавил на Нејмар и му
предложил да играат заедно под водство на Пеп Гвардиола во редовите на Манчестер
Сити.

Шеикот од Абу
Даби има доволно пари за да реалзира ваков спектакуларен трансфер, но прашање е
дали сето тоа ќе биде во склоп со Финансискиот фер плеј. Манчестер Сити ја доби
битката со УЕФА пред Судот за спортска арбитража но останува под лупа и ќе има
многу сомнежи доколку „граѓаните“ во исто лето ги донесат Лео Меси и Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×