Меси: Кога кажав на фамилијата дека сакам да си одам, сопругата и децата почнаа да плачат, беше брутална драма

by
1 минути читање

Меси кажа дека ќе остане во Барселона, иако сака да замине, а сподели и поинтимни детали.

„Кога на сопругата и децата им кажав дека сакам да си одам, настана брутална драма. Целата фамилија почна да плаче, моите деца не сакаа да си одат од Барселона, ниту сакаа да го променат училиштето“, вели Меси.

„Но јас гледав подалеку, сакам да се натпреварувам на највиско ниво, да освојувам титули, да бидам конкурентен во Лигата на шампионите. Можете да победите и да загубите во ЛШ бидејќи е многу тешко, но треба да бидете конкурентен“.

„Барем да се натпреваруваме а не да се распаднеме во Рим, Ливерпул и Лисабон. Сето тоа ме натера да размислувам за тоа да заминам од клубот“.

„Матео се уште е мал и не сфаќа што значи да се преселиш на друго место на неколку години“.

„Тиаго е постар. Тој слуша нешто од ТВ, ќе дознае нешто и прашува. Ми плаче и вели не сакам да си одиме. Ќе повторам, беше навистина тешко“.

„Ја сакам Барселона и нема да најдам подобро место некаде. Но имам право да одлучам. Сакав да си одам за да имам нови цели и нови предизвици. И потоа ќе се вратев во овој град бидејќи во Барселона имам се“.

„Мојот син, фамилијата, израснаа тука и се од тука. Нема ништо погрешно во тоа да се замине. Ми беше потребно тоа, и на клубот му беше потребено, беше добро за сите“.

„Сопругата со сета болка во нејзината душа, ми даваше поддршка и беше со мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×