Меси: Ќе продолжам да го давам најдоброто од мене за Барса, мојата љубов кон овој клуб никогаш нема да се промени

by
2 минути читање

Меси денеска соопшти дека сакал да замине од Барселона, но ќе остане бидејќи клубот не му дава да си оди.

Многумина се прашуваа дали тој ако остане ќе го дава максимумот, Аргентинецот ги реши дилемите и околу тоа прашање.

„Ќе продолжам во Барса и мојот однос нема да се смени без разлика на тоа колку сакав да си одам ќе продолжам да го давам најдоброто“, вели Меси.

„Секогаш сакам да победувам, сакам да се натпреварувам не сакам да губам во било што. Секогаш сум го посакувал најдоброто на клубот, на соблекувалната и на себеси“.

„Сега не знам што ќе се случува. Имаме нов тренер, нови идеи. Тоа е добро, но треба да видиме како тимот ќе одговори на тоа, дали ќе можеме да се натпреваруваме на највисоко ниво. Она што можам да го кажам е дека останувам и ќе го дадам најдоброто од мене за Барселона“.

„Ме боли кога луѓето ја доведуваат во прашање мојата љубов кон Барселона и велат разни работи за мене. Но светот во фудбалот е исполнет со лажни луѓе. Тоа ми помогна да дознаам колку многу лажни луѓе постојат“.

„Но без разлика кој што вели, мојата љубов кон Барселона никогаш нема да се промени“.

„Секогаш клубот ќе го ставам пред било друго што. Имав многу можности да заминам од Барселона претходно. Секоја година можев да заминам и да заработам повеќе пари отколку во Барселона. Но секогаш велев дека ова е мојот дом бидејќи така и го чувствував“.

„За да одлучам дека некаде ќе ми биде подобро од тука беше тешко. Но чувствував дека ми е потребна промена, нови цели, нови работи“.

„Како и вообичаено, ќе го давам најдоброто од мене, ќе го давам најдоброто за да се бориме за сите титули и ќе се посветам себеси на луѓето кои имаа тежок период“.

„И јас имав тешка година, но лицмерно би било да го кажам тоа спредено со луѓето кои навистина имаа тежок период со коронавирусот, луѓето кои загубија блиски и загубија многу работи“.

„Се надевам дека ќе го дадам најдоброто и ќе ги посветам победите на сите тие луѓе и се надевам дека ќе го пребродиме ова еднаш засекогаш и ќе се вратиме во нормала“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×