Аргентина го објави составот, нема место за ѕвездата на Реал и херојот на Вила

by 24 фудбал
1 минути читање

Актуелниот светски шампион Аргентина го потврди списокот на фудбалери со кои ќе настапи на претстојното Светско првенство, во составот ги нема Франко Мастантуоно од Реал Мадрид, Емилијано Буендиа од Астон Вила и Маркос Сенеси од Борнмут.

Лионел Скалони најавуваше дека ќе чека до последен момент за да го објави конечниот состав на „гауачосите“ за мундијалот во САД, но утрово беше соопштен списокот со 26 имиња.

Селекторот на Аргентина реши повторно ќе се потпре на јадрото што во изминатите години му донесе големи успеси, па на Светско нема да патуваа младата ѕвезда на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, како и еден од хероиите на Астон Вила, Емилијано Буенда кој постигна маестрален погодок во финалето на Лига Европа.

Очекувано, капитен на „гаучосите“ ќе биде Лионел Меси, а во тимот се најдоа и останатите носители на играта како Емилијано Мартинез, Кристијан Ромеро, Родриго Де Пол, Енцо Фернандез, Алексис Мак Алистер, Лаутаро Мартинез и Хулијан Алварез.

Скалони не изненади со големи промени, туку се одлучи за проверени сили со кои Аргентина ќе ја започне мисијата за одбрана на светската титула.

Аргентинците ќе го отворат настапот во групната фаза против Алжир, а нивни ривали ќе бидат уште Австрија и Јордан. Според квалитетот на составот и искуството што го поседува, јужноамериканската селекција повторно важи за еден од главните фаворити за освојување на трофејот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×