„Меси ќе имаше 15 „Златни топки“ доколку ја поседуваше работната етика на Роналдо“

by
1 минути читање

Вечната дебата за тоа кој е подобар, Лео Меси или Кристијано Роналдо продолжува и покрај тоа што Аргентинецот пред неколку месеци стигна до трофејот кој толку многу го посакуваше и триумфираше на мундијалот во Катар.

„Сакам да објаснам зошто секогаш велам Роналдо“ – рече Патис Евра како гостин во емисијата на Рио Фердинанд на Јутјуб.

„Не е поради тоа што го сметам за наш брат, го одбирам поради тоа што ја обожавам неговата работна етика. Имам чувство дека бог му дал талент на Меси, а Кристијано морал напорно да работи. Да и Кристијано има талент, но мора многу напорно да работи“.

„Доколку Меси ја поседуваше истата работна етика како Роналдо, веројатно денеска ќе имаше 15 „Златни топки““.

„Едноставно сум заљубен во луѓе кои работат напорно и затоа го одбирам Роналдо пред Меси“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани