41
Лионел Меси поради повреда го напушти натпреварот меѓу Интер Мајами и Филадефлија Унион кој заврши со победа на неговиот тим со 6-4.
Меси излезе на 15 минути пред крајот откако почувствува болки во задната ложа. Тој сам побара замена и веднаш замина во соблекувалната.
Засега не се знае дали повредата е сериозна и колку долго Меси би бил во аут. Но, секоја повреда во овој период е загрижувачка бидејќи наскоро почнува Светското првенство.