Меси ја обвини Ла Лига за пристрасност: Не знам кој договор сте го гледале, нема клаузула од 700 милиони! (ФОТО)

by
1 минути читање

Ла Лига минатата
недела застана зад Барселона во спорот помеѓу клубот и Лео Меси и за тоа кој
како го толкува договорот, односно дали играчот може еднострано да го раскине
договорот и дали во неговиот договор има откупна клаузула од 700 милиони евра.

Попладнево, Лео
Меси, односно неговиот татко во својство на агент испрати писмо до првиот човек
на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Семејството Меси
ја обвини Ла Лига за пристрасност и порача: „Не знаеме кој дговор сте го
аналзирале и на која основа заклучивте дека има откупна клаузула. Ова е
очигледна грешка од ваша страна“.

Во писмото е
објавена и спорната клаузула за која медиумите веќе објавија.

„Во клаузулата
8.2.3.6. од договорот потпишан помеѓу клубот и играчот стои, „Оваа компензација
нема да важи кога на сила стапува опцијата играчот еднострано да го раскине
договорот на крајот од сезоната 2019/2020“.

„Според ова,
очигледно е дека компензацијата од 700 милиони евра која стои во претходната
клаузула 8.2.3.5. не важи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×