Меси: Имав многу лошо лето, но сега сум добар

by
1 минути читање

Меси имаше бурно лето, сакаше да замине од Барселона, но клубот не го пушти. Аргентинецот не блеска како во изминатите сезони, па многумина веруваат дека тоа е резултат на летните случувања.

„Вистината е дека сега сум добар. Вистина е дека имав многу лош период летото. Тоа беше резултат на она што се случуваше претходно, начинот на кој заврши сезоната и други работи… Потоа се одрази на стартот на сезоната. Но сега сум добар и се борам сериозно со секој следен предизвик, на секој нов натпревар. Знам дека клубот минува низ тежок период, тешко е за сите но оптимист сум дека ќе го надминеме тоа“, вели Меси.

Во изминатото коло Меси го изедначи рекордот на Пеле со постигнати 643 голови за еден тим, а веќе во следното коло може да го надмине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×