Меси има повеќе „Златни топки“ од сите 30 кандидати заедно

by
1 минути читање

Франс Фудбал денеска
ги објави кандидатите за „Златната топка“ и на списокот со 30 имиња го немаше
Лео Меси, за прв пат по 2005 година.

Многумина сметаат
дека изборот е оправдан со оглед на тоа дека Аргентинецот не одигра на потребното
ниво изминатиов период, но има и такви кои не се сложуваат со изборот и веруваат
дека за напаѓачот мора да има место на списокот.

Помеѓу овие
вторите има и такви кои дополнително го величат Лео Меси и потенцираат дека тој
сам има повеќе „Златни топки“ (7) од сите 30 кандидати заедно (6).

Помеѓу кандидатите,
„Златната топка“ ја подигнале само Кристијано Роналдо (5) и Лука Модриќ (1).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани