686
Меси и Суарез претходно беа видени во ресторан, а синоќа биле во домот на аргентинскиот фудбалер.
Средбата доаѓа по изјавата на Бартомеу дека би си поднел оставка доколку Меси рече дека тој е проблемот и би останал ако се смени раководството.
Роналд Куман меѓу првите работи кои ги направи откако стана тренер на Барселона, беше соопштувањето на Суарез дека нема да смета на него и може да си оди.
Суарез не само што е соиграч на Меси туку тој е неговиот најголем пријател од играчите на Барселона.
Меси уште јавно не соопштил зошто сака да ја напушти Барселона, иако планира наскоро да ја каже својата верзија.