Меси и соопштил на Барса дека сака да си оди веднаш и за беспари!

by
1 минути читање

Бомба од
Аргентина, Лео Меси решил да замине од Камп Ноу. „ТиК Спортс“ пренесе дека
напаѓачот испратил итен допис до Барселона и го известил раководството на клубот
дека сака да го напушти клубот ова лето.

Аргентинецот исто
така побарал да си оди беспари, односно да ја активира клаузулата која му
овозможува еднострано да го раскине договорот.

Оваа клаузула е
истечена (одредени извори велат на крајот од мај, други на 10. јуни) па адвокатите
ќе имаат полни раце работа.

За иднината на
Лео Меси се пишува подолго време, новиот тренер Роналд Куман разговараше со
него минатата недела и тогаш се шпекулираше дека фудбалерот навестил заминување, односно порачал дека повеќе се гледа надвор од проектот отколку како лидер на
проектот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×