Меси и Модриќ возат Greyp велосипеди, сега можеш да возиш и ти!

by
1 минути читање

Електричните велосипеди Greyp Bikes се дел од групацијата RIMAC Automobili, произведени во фабриката на RIMAC во Хрватска. Дизајнирани се од страна на инжинери и вљубеници во велосипедизмот за да бидат најдобри електрични велосипеди во светот. Greyp се смарт велосипеди со карбонски рам, опремени со батерии и електрични мотори made by Rimac, вградени се најдобри компоненти, камера напред и позади, вградена сим картичка за комплетно поврзување и уживање во природа со моделите од G серијата, а со моделите од Т серијата може да се ужива во возењето во град и надвор од градските гужви.

Серијата на Hyper Bike G12s достига до неверојатни 70 km/h за да биде еден од најбризите велосипеди во светот со range од 120 км и целосно полнење на батеријата од само 80 мин, дозволено е управување само со потврда на сопственикот со отисок од прст.

Greyp Bikes овозможуваат забава и уживање во возењето, а можноста да бидат достапни во Македонија ја овозможи компанијата ПОПЕ холдинг во својот специјализиран shop All Electric во центарот на Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×