Меси: Хрватска има фантастични играчи, особено во средниот ред

by
1 минути читање

Утре со почеток од 20 часот, Аргентина и Хрватска ќе ја почнат борбата за пласман во големото финале на Светското првенство. Главната ѕвезда на гаучосите, Меси, знае дека нема да биде лесно да се поминат Хрватите.

Меси има само пофалби за хрватската репрезентација, особено го истакнува средниот ред на противникот.

„Хрватска ја предводи селектор кој ги водеше и на последното Светско првенство каде играа во финале. Таму е одамна, сите добро се познаваат и затоа се таму каде што се. Тие се одличен тим и заслужено се во полуфинале. Тоа ќе биде многу тежок меч. Хрватите покажаа колку се добри, одиграа израмнет натпревар против Бразил, во некои моменти беа и подобри благодарение на фантастичните играчи со кои располагаат. Знаат што прават со топката, особено играчите од средниот ред“, вели Меси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани