Меси го прекина одморот за итен состанок со Куман: Ќе остане или ќе замине?

by
1 минути читање

Лео Меси и Роналд Куман ќе се сретнат во Барселона, напаѓачот го прекинал својот одмор за да разговара со новиот тренер на Барса.

Аргентинецот е разочаран по елиминацијата во Лигата на шампиони и срамниот пораз од 8-2 против Баерн Минхен, и има многу прашалници за својата иднина.

Роналд Куман ќе му го презентира проектот и се надева дека ќе го убеди да остане и да биде лидер на тимот. Стратегот на својата презентација изјави дека Лео е столбот околу кој сака да го гради составот и изрази желба Лео Меси да продолжи во Барселона.

Медиумите шпекулираат дека Лео Меси има одредени сомнежи, односно тоа што на Барса ќе и треба време за да изгради победнички проект. Тој има 33 години, па може да биде привлечен од проект како оној на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола, „граѓаните“ имаат тим кој може да атакува на сите титули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×