Меси беше повреден за ПСЖ, но веднаш ги почна групните тренинзи со Аргентина

by
1 минути читање

На навивачите на ПСЖ не им е сеедно кога го гледаат Меси како веднаш почна со тренинзи за Аргентина, а не играше на последните натпревари за нивниот тим.

Но, на Аргентинецот тоа не му пречи, тој е среќен кога настапува за својата земја, а дуелите против Уругвај и Бразил се големи за да не биде дел од нинв.

Информациите на „Спорт“ велат дека Меси од старт тренирал со останатите фудбалери, го поминал и загревањето и тренинзите со топка без никаков проблем.

Во вториот дел од тренингот, селекторот на Аргентина, Скалони го замолил Меси превентивно да тренира одвоено иако фудбалерот сакал да продолжи со остатокот од групата. 

Меси ќе биде во комбинација и за двата натпревари на Аргентина, но не се знае дали ќе биде стартер на дуелот со Уругвај или ќе почне од клупата. Идејата е да биде во полна форма за пресметката со Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани