Меси 90% останува во Барселона

by
1 минути читање

Новинарот на аргентинскиот тв канал „ТуК Спортс“ Мартин Аревало кој ја следи приказната за Меси, тврди дека големи се шансите Лео да остане во Барселона.

„Шансите дека Меси ќе продолжи во Барселона се 90%. Наскоро тој ќе ја донесе конечната одлука. Меси сериозно ја разгледува опцијата да остане во Барселона до 2021 година а потоа да си замине на голема врата кога неговиот договор ќе заврши“, тврди новинарот Аревало.

Информацијата пристигнува по состанокот меѓу Бартомеу и таткото на Лео Меси. Според весникот „Спорт“ состанокот не ги приближил ставовите на двете страни и разговорите ќе продолжат во наредните денови.

Тврдењето на аргентинскиот новинар дава надеж на фановите на Барселона дека нивниот миленик сепак ќе остане, но времето ќе покаже дали има вистина во неговата информација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×