Мертенс се збогува со фудбалот: Последниот натпревар ќе го одигра во чест на легендата на Наполи

by Стефан
1 минути читање

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс официјално стави крај на својата професионална кариера на 38-годишна возраст.

Искусниот напаѓач последните три сезони ги мина во турскиот гигант Галатасарај, но најголем белег во својата кариера остави во Наполи, каде што помина девет незаборавни години.

Токму клубот од Неапол беше местото каде што изгради блиско пријателство со словачката легенда Марек Хамшик, а симболично, последниот натпревар на Мертенс ќе биде токму ревијалниот меч во чест на Хамшик што ќе се одигра во Братислава.

„Едвај чекам да го одиграм последниот натпревар со тебе. Завршив со фудбалот, но за тебе уште еднаш ќе ги облечам копачките. Засекогаш ќе бидеш мојот капитен и најдобриот играч со кого сум играл,“ порача Мертенс во емотивна видео порака.

Во дресот на Наполи, Мертенс одигра вкупно 397 натпревари и постигна 135 голови, со што влезе во историјата како еден од најдобрите стрелци на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×