173
Лидс за прв пат
по 2002 година се радува на победа против Челси, „белите“ попладнево славеа со
3-0.
Резултатот беше
отворен во 33. минута, Менди сакаше да дрибла но се посрамоти, па Аронсон со
топката влезе во гол. Пет минути подоцна беше 2-0, по еден прекин, Родриго со
глава ја затресе мрежата.
Конечните 3-0 беа
дело на Харисон, кој одлично се снајде во 69. минута и го матираше Менди. До
крајот на натпреварот, Калиду Кулибали заработи втор жолт картон и исклучување,
па дефанзивецот ќе го пропушти следниот натпревар.
На вториот
натпревар од 15 часот, Брајтон со 0-2 победи на гостувањето кај Вест Хем и ги
смести „чеканите“ на дното на табелата заедно со Манчестер јунајтед.