184
Кристијано Роналдо се реши за нов предизвик во кариерата и ќе настапува во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Наср.
Португалецот ќе заработува околу 200 милиони евра годишно, па јасно е дека парите одиграа главна улога во зделката.
Провизијата за агентот исто така е голема, но таа нема да заврши на сметката на познатиот Жорж Мендеш. Се шпекулира дека односот помеѓу двајцата се нарушил по интервјуто на напаѓачот со Пирс Морган, па задолжен за трансферот во Саудиска Арабија бил Рикардо Регуфе, добар пријател на ЦР7.
Тој за улогата која ја одиграл ќе добие 30 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.