Мендеш го понудил Роналдо на Рома

by
1 минути читање

Контрадикторни се информациите за иднината на Кристијано Роналдо, некои велат дека тој останува во Манчестер јунајтед, а други пак дека сака да замине.

Манчестер јунајтед засега е неактивен на трансфер пазарот и тоа го фрустрира Роналдо кој сака да се пресели во поамбициозен тим.

Рома исто како и Манчестер јунајтед, не игра во Лигата на шампионите, но „Газета дело Спорт“ тврди декаа агентот на Роналдо, Жорж Мендеш го понудил својот клиент токму на римската волчица.

Во меѓувреме коефициентот во кладилниците дека Роналдо ќе премине во Рома е драстично опаднат.

Предност за реализација на овој трансфер е тоа што Жорж Мендеш е агент и на Жозе Мурињо па се верува дека тоа може да има и пресудно влијание.

Високата плата може да биде проблем за Рома, но со оглед на возраста на Роналдо веројатно ќе се работи за едногодишен договор, па можеби челниците на клубот ќе се почастат со Португалецот.

Синоќа од Англија се појави и шпекулација дека можно е Роналдо да замине и во Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани