„Ѓаволите“ синоќа
беа на работ на нов шокантен пораз, но натпреварот против Брентфорд на Олд
Трафорд имаше луд финиш. Скот Мектоминеј, кој доби шанса во второто полувреме,
изедначи на 1-1 во 93. минута, за потоа да донесе триумф со нов гол во 97. минута.
Запрашан каков
совет добил од Ерик тен Хаг пред да влезе во игра, Шкотот рече: „Беше многу
гласно, навивачите не бодреа, па не успеав да слушнам добро што ми кажува.
Верјатно рече нешто како, „Влези и постигни гол“, и токму тоа го сторив“.
„Ова веројатно е
еден од моите најомилени моменти на фудбалскитe терени. Два гола во последните
мигови е неверојатно, среќен сум што можам да дадам придонес и да им покажам на
луѓето што можам да направам“.
Тој потоа откри
дека инспирација за херојаската партија добил од документарецот за Дејвид Бекам
кој го гледал ден претходно.
„Тешко ми е да
најдам прави зборови бидејќи цел живот сум во Манчестер јунајтед, уште кога
имав пет години. За мене, овој клуб значи сè. Го гледав документарецот на
Дејвид Бекам синоќа и тавки работи ме инспирираат. Сер Алекс секогаш гледаше на
часовникот во финишот. Денеска уште еднаш покажавме дека можеме да победиме во последните
секунди. Брилијантно!“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.