997
Скот Мектоминеј вели дека брзо ја донел одлуката да замине од Манчестер јунајтед и да се пресели во Наполи.
Шкотскиот фудбалер одлично се снајде во Наполи каде за брзо време стана еден од главните играчи во тимот.
„Не гледам назад, не ми требаше долго за да донесам одлука“, вели Мектоминеј.
„Знаев дека тоа е тоа што го сакам и никогаш не жалам за нешто во животот. Тоа беше взаемна одлука на сите нас, уживам во Наполи“.