Мектоминеј ја потопи Шпанија, Хрватска победи во Турција (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Новиот селектор на Шпанија исфрли многу репрезентативци од старата гарда, реши да ја реновира селекцијата, а тоа денеска му се удри од глава откако со 2-0 загуби од Шкотска.

Стрелец на двата гола беше Скот Мектоминеј, интересно, тој постигна два гола и на дуелот со Кипар. Фудбалерот на Јунајтед постигна дури четири гола од петте на Шкотска во првите две кола.

Хрватска киксна во првото коло откако одигра дома 1-1 против Велс, но денеска со 2-0 беше подобра од Турција и тоа во Истанбул. Двата гола ги постигна Ковачиќ.

Косово направи голем кикс откако одигра само 1-1 против Андора на свој терен. Романија со 2-1 беше подобра од Белорусија, Велс со 1-0 ја совлада Летонија, а најубедлива беше Швајцарија која со 3-0 го победи Израел.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×