23-годишниот играч своето деби го имаше во 2017 против Арсенал и отогаш има 75 настапи за првиот тим и постигнато шест голови. Главната промоција ја имаше во времето на Жозе Мурињо, а продолжи да игра фантастично и под водство на Солшер.
„Среќни сме што можеме да информираме дека Скот Мектоминеј потпиша нов договор кој ќе го задржи во клубот до јуни 2025 година со опција за продолжување на уште една сезона“, се вели во соопштението на Јунајтед.
„Пресреќен сум што го потпишав овој договор и што ќе бидам дел од иднината на овој тим. Се што сум знаел отсекогаш било Манчестер јунајтед и се надевам дека таа моја пасија за клубот се гледа секогаш кога ќе излезам на теренот. Ќе продолжам да давам се за овој клуб кога и да го облечам дресот“, изјави Мектоминеј.