Пред неколку дена Серхио Рамос потпиша договор со мексиканскиот Монтереј кој се одлучи да го доведе 39-годишниот дефанзивец и да му даде договор на една година со можност за продолжување на соработката на дополнителна година.
Рамос во Мексико се одлучи да настапува со дресот со број 93, иако претходно низ целата кариера носеше „четворка“.
Овој број Рамос го избра во чест на голот кој го постигна за Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите во 2014 година. Рамос во тој натпревар против градскиот ривал, Атлетико постигна гол во последните моменти од средбата за израмнување на 1:1 и го одведе натпреварот во продолженија, а подоцна Реал славеше победа со 4:1.
Но, за да може да го носи овој број мексиканската лига морала да ги промени правилата. Имено, претходно за сите фудбалери во првенството дозволени биле броевите од 1 до 35, меѓутоа сега за шпанскиот ветеран се направило исклучок.