Мегваер во 118. минута го однесе Манчестер јунајтед во полуфиналето од ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед беше подобар во најголем дел од мечот, но и Норич имаше свои моменти.

Мрежите мируваа во првиот дел, резултатот беше отворен во 51. минута кога Игало погоди за водство на Јунајтед од 1-0.

На 15 минути до крајот на регуларниот дел Кантвел постигна убав гол за израмнување на резултатот на 1-1.

Во 89. минута Клосе добри црвен картон, па Манчестер јунајтед имаше играч повеќе, црвените ѓаволи притиснаа силно за брзо да го решат победникот но не успеаа. Мечот во 90 минути заврши 1-1, се премина кон продолженија.

Се играше само пред голот на Нориш, Јунајтед создаваше шанси, но Крул беше фантастичен. Конечно во 118. минута Мегваер постигна гол кој значеше победа од 2-1 и пласман во полуфинале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×