Мегваер синоќа бил уапсен на Миконос и задржан во притвор цела ноќа поради учество во тепачка. 27-годишниот Англичанец нападнал и полицајци кои го приведувале.
Тепачката се случила надвор од барот во кој се забавувале. Двете страни инволвирани во инцидентот биле Англичани. Локалците ја повикале полицијата, а кога таа дошла, Мегваер и уште двајца вербално и физички ги нападнале и полицајците по што биле приведени.
За инцидентот се огласи и Манчестер јнајтед.
„Клубот е свесен за наводниот инцидент во кој бил инволвиран и Хари Мегваер минатата ноќ. Стапивме во контакт со Хари и толку во целост ќе соработува со грчките власти. Нема да даваме дополнителни коментари во овој период“, стои во соопштението на Манчестер јунајтед.