Заврши спорот
против Хари Мегваер за тепачката на Миконос, судот во Сирос го прогласи Хари
Мегваер за виновен за физички напад, давање отпор при апсење и неколку обиди за
нудење мито.
Фудбалерот доби
затворска казна од 21 месец и десет дена, но со оглед на тоа дека му е прв
ваков престап и делата се ситен прекршок, казната е условна и тој нема да заврши
зад решетки доколку не изврши ново кривично дело во следните три години.
Се чини дека
капитенот на Манчестер јунајтед добро помина, но тој најави жалба.
„Јас и моето
семејство сме жртви во овој случај. Веќе дадов инструкции до мојот адвокатски тим
да поднесе жалба. Убеден сум дека ќе ја докажеме невиноста“ – гласеше неговата
порака.