Вест Хем си
подаде рака со Манчестер јунајтед за трансфер на Хари Мегваер вреден 30 милиони
фунти, „чеканите“ исто така начелно договорија и соработка со дефанзивецот, но
зделката со денови тапка во место.
Трансферот го кочат
преговорите помеѓу Хари Мегваер и Манчестер јунајтед, Англичанецот бара
компензација поради пониската плата која ќе ја добива во Лондон.
Како што
пренесува Сан, дефанзивецот на „ѓаволите“ им побарал дури 15 милиони фунти за
да си оди, претходно се пишуваше дека Манчестер јунајтед е подготвен да му
плати 6 милиони фунти.
На Вест Хем полека
му здосадува да чека, па почнува да разгледува други опции и постојат серозни
шанси трансферот да пропаден.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.