737
На островото
Сирос денеска започна судскиот процес против Хари Мегваер, против кого се покренати
неколку обвиненија за физички напад, вербални навреди и нудење мито.
Според зборовите
на обвинителот, кога полицајци кои не биле во униформа пристигнале да ја смират
ситуацијата, Англичаните продолжиле со расправијата, еден од обвинетите рекол
„Е*и ја полицијата“ а друго лице удрило еден од полицајците.
Кога обвинетите
биле донесени во полициска станица, Хари Мегваер рекол: „Дали знаете кој сум
јас? Јас сум капитен на Манчестер јунајтед, многу сум богат, можам да ви дадам
пари, можам да ви платам многу, ве молам пуштете не“.