Една од главните теми пред почетокот на мечот меѓу Македонија и Италија е состојбата на теренот на стадионот во Скопје каде треба да се игра натпреварот.
На вчерашната прес-конференција се пожали Имобиле на теренот, рече дека ќе биде тешко да се игра по тие дупки.
Видеото кое го снимија италијанските медиуми со состојбата на теренот стана вирално на социјалните мрежи, а тие не се штедеа во критиките.
„Кошмарен терен на мечот Македонија – Италија. Тоа е нива за компири“, напиша „Кориере дело Спорт“.
„Македонија – Италија, теренот е катастрофа: дупки и сува трева“, стои во сторија на „Република“.
Ако Италија не успее да победи вечерва во Скопје, теренот сигурно ќе биде алиби. Лош терен секогаш им одговара на помалку квалитетните екипи, во случајов тоа е Македонија.
“Playing on a pitch like this could be dangerous. We knew it was going to be a tough game but on this field it becomes even tougher.” – Ciro Immobile
Via @franvanni
— Italian Football TV (@IFTVofficial) September 8, 2023