Медиумите од Италија порачуваат: На Сари не му бега отказ, Инзаги и Покетино се на листата со желби а сонот е Зидан

by
1 минути читање

За иднината на Маурицио Сари често се пишуваше изминатиов период и се најавуваше дека елиминација од Лигата на шампионите од Лион ќе значи негов отказ.

Стратегот сметаше дека овој меч нема да биде пресуден, но по синоќешниот неуспех, голем број на извори од Италија утрово пренесоа дека деновите на Маурицио Сари се одбројани.

Јувентус го освои Скудетото, но од сезоната нема многу позитивни работи. „Старата дама“ загуби од Лацио во Суперкупот на Италија, потоа од Наполи во финалето од Купот на Италија а сега го заврши и настапот во Лигата на шампиони уште во осминафинале. Исто така, нема ниту трага ниту глас од препознатливиот „Сари-бол“ и убавиот и офанзивен фудбал со кој Италијанецот се прослави на кормилото на Наполи.

Се шпекулира дека сонот на Андера Ањели е ангажман на Зинедин Зидан, веќе бил остварен котакт и бил опипан теренот, Французинот се заблагодарил за покажаниот интерес но одговорил негативно. Првиот човек на Јувентус сепак нема да се откаже од намерата и втор пат ќе тропне на вратата на Зизу со надеж дека елиминацијата на Реал Мадрид од Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе донесе поинаков одговор.

На листата со желби се и Симоне Инзаги, кој беше опција и минатото лето, пред Маурицио Сари да биде назначен, како и Маурисио Покетино, кој во моментов нема ангажман.

Некои медиуми шпекулираат со сензационално враќање на Антонио Конте или Макс Алегри.

Андреа Ањели најави дека во следните денови ќе направи анализа на случувањата, па останува да се види каков потег ќе биде повлечен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×