Медиумите го идентификуваа предавникот кој вчера го изнервира Мурињо

by
1 минути читање

„Специјалниот“
повторно ја запали Италија откако имаше бурна прес конференција по ремито
против Сасуоло.

Абрахам донесе
водство за Рома во
80. минута,
но „волчицата“ не издржа и пет минути подоцна Пинамонти изедначи на 1-1.

На средбата со
новинарите, Жозе Мурињо порача дека Рома била предадена од еден непрофесионален
фудбалер, на кого му било кажано да си бара нов клуб во јануари.

Жозе Мурињо одби
да открие кој го изневирал толку многу, но медиумите од Италија веруваат дека
знаат за кого станува збор и пишуваат дека се работи за Рик Карсдорп.

Холанѓанецот
влезе како замена за Зеки Челик, загуби неколку дуели, имаше неколку погрешни додавања а практично и да не бранеше, и престана да трча кога Лориенте продре по
десната страна и му намести гол на Пинамонти.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×