Големото
засилување за Челси во новата сезона, Тимо вернер признава дека имал одредени
дилеми за преселбата во редовите на Премиерлигашот откако го изгледал мечот на
неговиот нов клуб против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Германската
фудбалска машинерија го прегази Челси со вкупен резултат од 7-1 во нокаут
фазата, а составот на Франк Лампард беше целосно немоќен против
минатосезонскиот европски првак, но, од друга страна пак успеа да ја добие
големата битка за потписот на Вернер кој претходно беше дел од Лајпциг.
„Би излажал
доколку ви кажам дека не беше така, поразот на домашен терен од 0-3 во првиот
меч против Баерн Минхен не донесе некои позитивни впечатоци“ вели Вернер.
„Морам ова да го
кажам отворено, бидејќи со Лајпциг, ние секогаш игравме убав фудбал и мошне
конкурентен против Баерн Минхен“ додаде напаѓачот.
Германецот не
успеа да се запише во листата на стрелците во првиот меч сезонава во Премиерлигата,
во победата кај Брајтон со 1-3, ниту пак во поразот дома против Ливерпул со
0-1, таа шанса ќе ја бара претстојниов викенд на гостински терен кај ВБА.