„Ме изненади тоа што Реал плати 10 милиони за Александер Арнолд, но во игра се 100 милиони…“

by bojan
1 минути читање

Гери Невил даде свое видување за трансферот на Трент Александер Арнолд во Реал Мадрид, вели дека е изненаден од одлуката на „кралевите“ да платат 10 милиони евра за фудбалер кој има само уште 30 дена од договорот.

Трент Александер Арнолд одби да стави потпис на нов договор со Ливерпул и минатата недела се пресели во Реал Мадрид.

Поради новото Светско клупско првенство, „кралевите“ не сакаа да го чекаат десниот бек и решија да платат 10 милиони евра за негов ангажман, што е прилично висока сума за фудбалер кој има само уште 30 дена од договорот.

„Да бидам искрен, изненаден сум од одлуката на Реал да плати 10 милиони евра за Трент Александер Арнолд“ – вели Гери Невил.

„Но можам да ги разберам, во игра се 100 милиони на Светското клупско првенство и Реал Мадрид има добри шанси да го освои ова натпреварување“.

„Во моментов тие немаат десен бек, играат фудбалери на кои таа позиција не им е природна, па со Александер Арнолд добиваат квалитетен играч на таа позиција“.

„Којзнае, може да се покаже дека не залудно ги дале парите и за четири пет недели да се испостави дека тоа бил одличен потег“.

„Но лудост е да потрошите 10 милиони евра на фудбалер кој има само уште 30 дена од договорот и ќе ви помогне на 5-6 натпревари. Ова ми изгледа неверојатно“.

Првото издание на новото Светско клупско првенство ќе се одржи од 12. јуни до 13. јули во САД, а ФИФА ќе подели 1 милијарда долари на клубовите (32) кои ќе настапат.

Проценките велат дека победникот може да заработи и до 125 милиони долари (околу 100 милиони евра).

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани