Килијан Мбапе и
ПСЖ се во војна, напаѓачот сака да ја одработи последната година од договорот и
да си „лапне“ богат бонус за лојалност, додека пак ПСЖ инсистира напаѓачот да
стави потпис на нов договор или летово да замине од Париз.
Двете страни си разменија
писма со остар тон и меѓусебно се обвинуваат за изневерување, предавство и пласирање лаги.
Останува да се
види каква ќе биде разврската на ситуацијата, а како што пишува Л’Екип,
плановите на Килијан Мбапе се јасни, Французинот сака да се пресели во Реал
Мадрид кога ќе го напушти ПСЖ.
Медиумите од
Шпанија пак пишуваат дека „кралевите“ и Килијан Мбапе веќе имаат договорено петгодишна
соработка со плата од 50 милиони евра по сезона и откупна клаузула од 1
милијарда евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.